ВИДЕО | Скандал по Евровизија: Освен за наместена победа, Лорин обвинета и за плагијат на хитот на Адел

Фото: Wikimedia Commons

По бројните теории на заговор за местење на нејзината победа, се појавија и различни обвинувања за плагирање на песната „Tattoo“ која на Шведска ѝ ја донесе седмата победа на Евровизија, а тврдат дека годинашната победничка Лорин копирала неколку песни.

Откако по вторпат ја освои Евровизија, покрај вестите за настапот и за победата на Лорин, социјалните мрежи се преплавени и со разни теории на заговор дека таа била наместена.

По теориите дека сѐ е инсценирано за да може Шведска да биде домаќин на 50-годишнината од победата на АББА на Евровизија, сега во фокусот се и тврдењата дека хитот „Tattoo“ кој ѝ ја донесе победата на Лорин, е плагијат.

Шпанскиот „Еј-би-си“ објави дека таа е обвинета за плагијат на хит-песната од оваа земја – „Flying Free“ на авторите диџеј Скудер и Чави Метрала, која тие ја опишаа како „химна на ноќниот клуб за електронска музика ‘Понт Аери’ во Каталонија“.

Наведеното обвинение за плагијат првично се појави по „Мелодифестивален“ (шведски натпревар за песна на Евровизија), бидејќи некои корисници на социјалните мрежи уште тогаш забележаа дека првите акорди на „Tatoo“ личат на „Flying Free“.

Лорин беше обвинета и дека користела делови од хитот на АББА „The Winner Takes It All“, а некои тврдеа дека „Tattoo“ ги потсетила на песната „Euphoria“ со која таа победи првиот пат.

На тврдењата дека направила плагијат на АББА, таа одговори: „Го сфаќам тоа како комплимент“, а коментирајќи ги другите тврдења за плагијаторство, рекла дека не им посветува премногу енергија и дека „нема ниту време, ниту простор“ во главата за тоа.

 

@eurovision_noa_kirel Tattoo VS Easy to go #easyonme #tattoo #eurovision #loreen #adele ♬ original sound – Eurovision 2023 ❤️‍🔥

Некој ја видел сличноста помеѓу „Tattoo“ и уште неколку песни, а сега на „Тикток“ кружи видео кое ја споредува нејзината песна со „Easy on me“ на Адел.

 

ФОТО+ВИДЕО | Шведска е победник на Евровизија 2023: Лорин ја однесе победата по вторпат

ВИДЕО | Изненадување на Евровизија! Кејт Мидлтон свирејќи на клавир настапи во финалето со украинскиот „Калуш оркестра“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот