ВИДЕО: Скандал на албанско-грчката граница: Грција ја затвори границата откако позитивни на ковид со лажни тестови се обиделе да влезат во земјата

Група Албанци создадоа вистинска „индустрија“ на фалсификувани тестови за вирусот корона, кои граѓаните масовно ги купуваа со цел да ја преминат границата со Грција, пренесуваат албанските медиуми.

Лажните ПЦР тестови беа откриени од медиумските мрежи Топ Чанел и Стар од Албанија, во кои се наведува дека групата фалсификатори работи првенствено на северот на Албанија.

Албанските власти пронајдоа многу фалсификувани тестови и тоа беше причината поради која Грција од денес го затвори граничниот премин Кристалопиги.

Патниците од Албанија сега ќе мора да поминат преку граничниот премин Какавија, каде ќе бидат подложени на брз тест, со задолжително покажување на негативен тест за ПЦР, не постар од 72 часа.

Стар објави како изгледа лажниот ПЦР тест. Разликите се забележуваат пред сè во логото на дијагностичкиот центар каде што е направен тестот, но и во потписот и печатот на докторот кој ниту бил виновен, ниту бил должен да стане жртва на фалсификување, пренесе телевизијата.

Наводно, многу од оние кои ја преминале грчката граница со лажни тестови веќе знаеле дека се заразени со вирусот корона и отишле во Грција пред сè на лекување затоа што не му веруваат на албанскиот здравствен систем.

Телевизијата го објави и случајот на 20-годишна жена која завчера со лажен тест се обиде да го премине преминот Какавија, но беше забележана по што избега. Досега се уапсени неколку Албанци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот