ВИДЕО | Силна експлозија во хемиска фабрика во Кина
Силна експлозија се случи денеска напладне во хемиска фабрика во источна Кина, предизвикувајќи огромен столб од црн чад и оштетувања на зградите во областа. Локалните власти веднаш се мобилизираа за справување со инцидентот, додека засега нема официјални извештаи за жртви.
Препорачано
Инцидентот се случил во лабораторија на „Шандонг Јудао Хемикал“, во индустрискиот град Гаоми, во покраината Шандонг, според државната телевизија CCTV. Спасувачките екипи се упатиле кон местото на настанот, но причините за експлозијата не се разјаснети.
Видеата што кружат на кинеските социјални медиуми покажуваат густ чад како ги покрива зградите во пошироката индустриска зона, додека скршени прозорци може да се видат во блиските ниски згради.
Сведоците на оддалеченост до 6 километри од експлозијата го опишаа оглушувачкиот шум и моќниот ударен бран што следеше.
Вработена во хотел оддалечен 3,5 км од местото на настанот изјави за Си-ен-ен дека слушнала „силен тресок што траел само момент“, но дека немало штета на нејзиниот бизнис.
Друг работник, во фабрика на 6 км. подалеку, изјавил дека почувствувал силна вибрација и ветер кој ги турка вратите и прозорците: „Да стоев малку поблиску, можеби ќе ме фрлешеше од ѕидот“, рече тој.


