Screenshot/X

ВИДЕО | Шпанците предизвикаа контроверзии – скандираа: „Кој не скока, тој е муслиман“

Пријателскиот натпревар меѓу Шпанија и Египет, одигран вчера на стадионот во Барселона, заврши без голови, но натпреварот остана во сенка на недоличното однесување на дел од домашната публика.

Дуелот, кој требаше да послужи како подготовка за претстојното Светско првенство, беше обележан со ксенофобични скандирања упатени кон гостинските фудбалери од муслиманска вероисповед, поради што организаторите во неколку наврати мораа да реагираат и да испраќаат предупредувања до трибините.

Во текот на средбата, дел од шпанските навивачи извикуваа навредливи пароли, додека со свирежи беше проследена и химната на Египет пред почетокот на натпреварот. Негативната атмосфера продолжи и за време на паузата, кога египетските фудбалери клекнаа и го бакнаа тревникот во знак на молитва, што повторно предизвика негодување од трибините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот