Самсунспор навивачи/Samsunspor

ВИДЕО | Шкендија вчера не загуби само на терен – Турците среде Скопје им одржаа и лекција по навивање

Фудбалерите на Шкендија во вчерашниот натпревар на арената „Тодор Проески“ беа поразени од Самсунспор (0-1) во Конференциската лига, но во овој натпревар не загуби само Шкендија, туку и најверните навивачи на овој клуб.

Фаворит беше турскиот клуб уште пред почетокот на натпреварот, па поради тоа „поразот“ надвор од теренот можеби е и со поголемо значење. Имено, несфатливо е како турскиот клуб во Скопје во првиот историски натпревар за Шкендија во нокаут фаза од едно европско натпреварување имаше веројатно и двојно повеќе свои фанови.

Буквално Турците вчера беа како дома, нивните фудбалери имаа многу поголема поддршка. Не се памети кога последен пат една гостинска екипа на арената во Скопје имала во толкав број повеќе свои навивачи.

Иато така, турските фанови покажаа и како треба да се навива, ниту навредуваа некого, во текот на денот не направија ниту еден инцидент никаде низ градот – вистинска лекција како треба да се поддржува и сака својот клуб.

 

 

ГАЛЕРИЈА | Фудбалска еуфорија – навивачите на турскиот Самсунспор го преплавија Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот