Шкендија ФК

ВИДЕО: Шкендија со волеј на Зејнулаи во 89. минута го урна Силекс

Шкендија стигна до важна победа во Кратово, откако со гол во самиот финиш го совлада Силекс со 2-1 и не му дозволи на Вардар дополнително да се одлепи на врвот на табелата.

На тежок терен и во борбен натпревар, гостите од Тетово први го зададоа ударот. Фабрис Тамба во 17. минута ја затресе мрежата и донесе предност за својот тим. Сепак, упорниот Силекс не се предаде – кратовчани возвратија во завршницата од првото полувреме, кога Бутуровиќ погоди за 1-1 и ја врати неизвесноста.

Во вториот дел домаќините беа поконкретни и поопасни, создадоа неколку зрели шанси, но реализацијата изостана. Казната стигна во 89. минута кога Зејнлауи со прецизен удар од дистанца го матираше противничкиот голман и се промовираше во херој на тетовци.

Со овие три бода, Шкендија останува во трката за титулата и повторно се доближи на шест бода до лидерот Вардар. Воедно, тимот направи исчекор и во однос на Струга, која викендов одигра нерешено, па избраниците на Беќири сега имаат три бода предност пред директниот ривал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PrvaMFL (@prvamfl)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот