ВИДЕО: Севиља не се откажува, чека „кикс“ на гигантите од Мадрид!
Фудбалерите на Севиља ја совладаа Валенсија со конечен резултат 1:0 (0:0) денеска во натпреварот од 36 коло во најсилното шпанско првенство.
Единствениот гол на мечот го постигна Јусуф Ен Несири во 66 минута, после асистенцијата на Фернандо.
Со оваа победа Севиља дојде на три бода од водечкиот Атлетико Мадрид кој има меч помалку. Од четири тимови кои се борат за трофејот, „можеби“ Севиља има најмалку шанси да стигне до тронот, но и натаму не се откажува.
Атлетико Мадрид вечерва е домаќин на Реал Сосиедад, а в четврток Реал Мадрид гостува кај Гранада.
Моментно на табелата води Атлетико со 77 бодови, пред Барселона (76), Реал Мадрид (75), Севиља (74)…