Севернокорејски војници во Украина принтскрин ИКС

ВИДЕО | Северна Кореја потврди дека нејзини единици учествуваат во војната во Украина на страната на Русија

Руското Министерство за одбрана објави снимки од борбената обука на севернокорејските војници кои учествуваа во ослободувањето на Курската област.

Снимката беше објавена откако Централната воена комисија на Работничката партија на Северна Кореја го потврди учеството на единиците на севернокорејската армија на страната на Русија, против украинските одбранбени сили во рускиот Курски регион.

Севернокорејската државна новинска агенција KCNA соопшти дека севернокорејските сили дале значаен придонес во ослободувањето на Курскиот регион од украинските трупи.

Рускиот претседател Владимир Путин, исто така, се обрати по повод настанот, заблагодарувајќи им се на единиците на Корејската народна армија кои учествуваа во поразот на украинските милитанти кои ја нападнаа Курската област, соопшти прес-службата на Кремљ.

Тој истакна дека севернокорејската армија чесно и храбро ја исполнила својата должност, крунисана со слава.

„Корејските пријатели дејствуваа од чувство на солидарност, правда и вистинско другарство. Високо го цениме ова и сме искрено благодарни на претседателот на Комисијата за државни работи, другарот Ким Џонг-ун, на целото раководство и народот на Северна Кореја“, рече Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот