ВИДЕО | Сергеј: Можеме и ние да имаме наша Северина или Карлеуша, но Македонците и Македонките се плашат да бидат свои и поразлични

Сергеј Варошлија, гостин во Утрински брифинг/Фото: Слободен печат

-Имам интеракција со луѓето затоа што сакам да ја имам. Немам проблем да одговорам на прашањата што ги интересира луѓето, без разлика дали се работи за мода или приватни прашања или некакви совети, изјави за Утрински брифинг модниот гуру, стилист и човекот кој ја направи првата модна ревија во Македонија, Сергеј Варошлија.

-Некогаш е тешко да им дадеш совет на луѓе кои не ги познаваш, но интеракцијата прави чувство дека е работи за некаков контакт. Јас сакам да бидам во контакт со тие што сум им предмет на интерес, објаснува Сергеј.

-Пандемиски, и да се изземам од кометарите за скапи работи, брендови, тие го диктираат она се што ние го носиме, но светската мода отиде многу далеку, вели Сергеј.

Тој додава дека на македонската естрада не се појавија големи музички имиња по смртта на Тоше и Есма.

-Македонците и Македонките се плашат да бидат свои и поразлични. Можевме и ние да имаме своја Северина или Карлеуша, тука не се проблем парите, зошто и тие така почнаа, без многу пари, вели Сергеј.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот