ВИДЕО: Се онесвести гостин во емисија во живо на Путиновиот пропагандист Соловјев

Емисијата на познатиот пропагандист на Кремљ, Владимир Соловјев, вчера беше прекината откако еден од гостите се онесвести во студиото за време на програмата емитувана во живо.
Андреј Карнеев, директор на Факултетот за азиски студии на угледната Московска школа за економија, се онесвести за време на дебатата за политички прашања.
1
Fernsehsendung "Вечер с Владимиром Соловьевым" (Abend mit Wladimir Solowjow #solovyev) zum China/R.F.-Treffen
Andrei Karnejew (Hochschule für Orientalische Studien): ohnmächtig pic.twitter.com/noOBu2vNke— Lafargue (@G_Platzdasch) March 22, 2023
Гостинот во емисијата немал сериозни последици по инцидентот. Според медиумите, Карнеев изјавил дека имал вртоглавица и дека не спиел доволно претходната ноќ. Исто така, тој рекол дека бил нервозен.
Шоуто на Соловјев во Русија се прикажува 11 години, а во него често може да се слушнат контроверзни, дури и бизарни ставови со кои се поткрепуваат потезите на Владимир Путин, особено околу борбата против „злиот Запад“ и инвазијата врз Украина.