ВИДЕО | Само бод за Јувентус против Болоња

Фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Битката за место во Лигата на шампионите во Серија А во последните шест кола ќе биде супер интересна откако вечерва и Јувентус не успеа да победи и да го искористи ремито на Рома и Милан за поголема предност.

Јувентус освои само бод против Болоња во натпревар кој заврши со по еден гол на двете страни.

Скорупски на голот на Болоња забележа неколку интервенции меѓу кои беше и лошо изведениот пенал на Милик. Орсолини со удар од белата точка ја доведе Болоња во водство, а Јувентус на ист начин можеше да изедначи по половина час игра, меѓутоа послкиот напаѓач го изведе еден од најлошите пенали сезонава во Серија А.

Имаше Болоња водство се до 61-та минута кога Милик успеа да се „извади“ за лошо изведениот пенал и ја погоди мрежата на Скорупски.

По тој голо на Јувентус видовме по некоја шанса и на двете страни, но резултатот не се промени.

Јувентус на третата позиција има 60 бодови, бод помалку од Лацио, а три повеќе од Интер, Милан и Рома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот