Руски офицер загина во Ставропол/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Руски офицер кој командувал со нападите врз Мариупол убиен со бомба пред зграда

Рускиот офицер Заур Гурџиев, кој беше задолжен за воздушните напади за освојување на Мариупол, е убиен од експлозија на граната предизвикана од 29-годишник во Ставропол.

Безбедносна камера дури го снимила и моментот на смртоносната заседа со сторителот, 29-годишниот Никита Пенков. На снимката се гледа како 29-годишникот му се приближува на Гурџиев, а неколку секунди подоцна се слуша блесок од експлозијата на гранатата.

По враќањето од фронтот, Гурџиев ја презел функцијата заменик-градоначалник во Ставропол.

Гувернерот на градот, Владимир Владимиров, во изјава ја посочи можноста Украинците да се одговорни за смртта на Гурџиев.

„Се испитуваат сите докази, вклучително и терористичкиот напад на украинските нацисти“, рече тој.

34-годишниот Гурџиев учествувал во операцијата „Време на хероите“ за освојување на Мариупол и бил одликуван неколку пати, а еден од медалите бил за неговото учество во битките за градот Антиевка во регионот Донецк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот