ВИДЕО: Руски мировници ќе маршираат 250 километри низ Ерменија кон Нагорно – Карабах

Фото: Russian Defense Ministry Press Service

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека руски мировници тргнале кон Ерменија во Нагорно – Карабах, откако во вторникот се префрлени во Ерменија заедно со техника и вооружување.

Во Ерменија пристигнаа повеќе од 400 руски мировници. По истоварувањето, војската формираше колони за марш до крајната цел.

– За да се изведе маршот, техниката и вооружувањето поминаа сервисирање и техничка проверка на готовноста за движење во планински предели. По договорањето на рутата на распоредување, руските мировници ќе почнат да маршираат до подрачјето во кое се изведува мировната мисија, пренесе министерството за одбрана.

Им престои пат долг над 250 километри.

По доаѓањето, мировниците ќе постават набљудувачки пунктови долж линијата на контакт и Лачинскиот коридор.

Во Ерменија веќе слетаа 20 авиониони Ил -76 на воено-транспортната авијација со офицери на командата на руските мировни сили и војници од единиците на 15. мировна бригада.

Претходно Националниот центар за контрола на одбраната на Русија соопшти дека во Карабах ќе бидат испратени најмалку 22 воено-транспортни авиони Ил-76 со мировници. Мировниот контингент на Русија во Кабрабах ќе има 1.960 војници, 90 оклопни транспортери, 380 единици опрема. Командата на руските мировни сили ќе биде сместана во подрачјето на Степанкерт.

Прекин на огнот во Карабах

Во понеделникот беше објавено дека лидерите на Русија, Ерменија и Азербејџан усвоија заедничка изјава за примирјето во Карабах. Според оваа изјава, во Нагорно Карабах, на 10 ноември ќе започне целосен прекин на огнот, Азербејџан и Ерменија ќе останат на своите окупирани позиции, а исто така ќе мора да разменуваат воени заробеници.

Исто така, руски мировници ќе бидат стационирани во Карабах, пренесува „Спутник“. Во таа насока, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и го најави учеството на Турција во контролата на примирјето во Нагорно Карабах во рамките на заедничкиот центар во Азербејџан.

 

Потпишан договор за прекин на борбите во Нагорно-Карабах

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот