Фото: Wikimedia Commons

ВИДЕО | Рецепт за супа што најдолговечните луѓе на светот ја јадат секој ден

Со исхраната на најдолговечните луѓе во светот одамна сме запознаени, а сега ви претставуваме еден од рецептите за оброкот којшто луѓето во „сините зони“ го јадат секој ден.

На некои фактори на долговечноста, како што се генетиката и болестите, не можеме да влијаеме, но на други можеме. Она што го јадеме и колку редовно вежбаме играат голема улога во тоа колку долго ќе живееме. Всушност, ова се смета за главни причини поради кои жителите на таканаречените „сини зони“ имаат најголема концентрација на стогодишници.

Фото: Wikimedia Commons

Тиктокерката Карли Бодруг го гледала документарецот за навиките на луѓето во „сините зони“, кога забележала дека тие секој ден јадат супа од минестроне полна со зеленчук.

„Најдолговечните семејства ја јадат оваа супа речиси секој ден“, забележала тиктокерката.

 

@doctortim.md #duet with @Carleigh Bodrug – plantyou This amazing plant-based soup is full of vitamins and minerals, fiber and more. Vegetables are rich in fiber which help control blood sugar levels, lower cholesterol, improve gut health, support weight management and lower cancer risk. So many studies support these health benefits! 👨‍🍳The “Olive Garden Minestrone Soup” can be found in her website plantyou dot com! #healthyfood #healthyrecipe#healthyrecipeegetables #plantbased #soup ♬ Home – Matthew Hall


Камен-темелник на исхраната на повеќето стогодишници е намирници од растително потекло, како што се грав, мешунки, зеленчук и житарки, а д-р Тим Тиутан потврдил дека оваа супа е здрава.

„Оваа неверојатна супа на растителна основа е полна со витамини, минерали и влакна. Зеленчукот е богат со влакна кои помагаат во контролата на нивоата на шеќерот во крвта, го намалуваат холестеролот, го подобруваат здравјето на цревата, помагаат во регулирањето на телесната тежина и го намалуваат ризикот од рак“, објаснил тој.

За супата ќе ви требаат моркови, целер, кромид, компири, зачини, лук, бујон за супа, грав (или наут), јачмен (или тестенини) и босилек.

Карли вели дека првиот чекор е да ги исечкате сите состојки на коцки. Потоа, загрејте голем сад на средна температура. Проптжете ги лукот и кромидот, потоа додадете морков, целер, компир, оригано, сол и бибер. Кога компирите и морковите малку ќе омекнат, во тенџерето сипете ја водата и бујонот, додадете ги доматите пелати, гравот и јачменот. Кога водата ќе зоврие, намалете ја топлината и гответе ја супата половина час. Декорирајте со свеж магдонос и уживајте.

Совет: гравот и наутот потопете ги најмалку 8 часа однапред.

Минестроне е густа супа од италијанско потекло направена од зеленчук, често со додаваат тестенини или ориз, понекогаш и двете. Вообичаените состојки вклучуваат грав, кромид, целер, моркови, густин, крутони и домати.

Бидејќи ова јадење е на менито на многу медитерански земји, не постои точен рецепт за неговите состојки, па затоа рецептите на оваа популарна супа се разликуваат во речиси сите италијански региони, бидејќи секој готвач има своја тајна состојка, а супата може да се направи од кој било кој сезонски зеленчук кој во моментот е достапен.

Минестроне може да биде вегетаријанска супа, но може да содржи и месо или месна супа врз основа на животински коски (како што е на пример, пилешка супа).

Добриот познавач на храната Ангело Пелегрини тврдел дека минестронот во основа е супа од грав, а во Италија тоа е грав борлоти (наречен римски грав) кој исклучиво се користи во оригиналниот италијански рецепт.

Ви претставуваме еден од рецептите:

Состојки:

– 450 г минестроне, замрзната мешавина од зеленчук (моркови, праз, компири, домати, карфиол, тиквички, стебленца и корења од целер, зелка, боранија, грашок, грав борлото и магдонос)
– 2 чешниња лук
– 70 г мали тестенини
– 1 лажица концентрат на домат
– 1 дл пасирани домати
– 1 л супа од зеленчук или вода
– 40 г рендан пармезан
– 1 ловоров лист, сушена мајчина душичка, свеж магдонос
– маслиново масло
– сол, мелен бибер

Подготовка:

Подготовката започнува со сечкање лук, кој потоа на дното на тенџерето во кое ќе се готви супата на кратко се пропржува на маслиново или некое друго масло.

Потоа на пропржен лук се истура запрзната смеса од замрзнат зеленчук за Минестроне со кратко мешање.

Потоа се додава концентрат на домат и пасирани домати во тенџерето. Сето тоа се прелива со супа или вода, со додавање на мајчина душичка и ловорв лист.

Супата се готви на силен оган околу 20 минути, а потоа цело време нежно се крчка, и повремено се надополнува со густин или вода.

При крајот од варењето се додаваат тестенините, сол и бибер, и се готви на умерена температура со повремено мешање уште 10 минути додека не се сварат тестенините.

На крајот од готвењето, вкусот на супата може да се избалансира со додавање на зачини (сол, бибер) по желба.

Супата која се сервира во чинија, пред послужување се посипува со сечкан свеж магдонос и рендан пармезан.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот