ВИДЕО: ПСЖ пред елиминација, Милан и Баерн поблиску до четвртфиналето во ЛШ

фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Фудбалерите на Баерн и Милан остварија победи во првите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите. Баерн Минхен славеше минимално на гостувањето кај ПСЖ со 0:1, додека италијанскиот шампион Милан со идентичен резултат победи против Тотенхем на домашен терен.

Германскиот првак доминираше на „Паркот на принцовите“, но мрежите мируваа во првото полувреме. Единствениот погодок се случи во 53 минута кога Дејвис одлично нафрли од левата страна, а Коман ја смести топката во мрежата зад немоќниот Донарума.

Париските „светци“ успеаја да постигнат гол во 84 минута преку Мбапе, но истиот беше поништен поради офсајд по ВАР снимката.

Во 86 минута Зомер ја загуби топката пред сопствениот гол. Витиња шутираше силно од врвот на шеснаесетникот, но голманот на Баерн добро реагираше. Лоша вест за Баварците беше вториот жолт картон на Павар во самиот финиш од средбата.

Решавачкиот момент на „Сан Сиро“ се случи во седмата минута, кога Брахим Дијаз погоди за триумф на „росонерите“ против Тотенхем. Реванш мечевите Тотенхем – Милан и Баерн – ПСЖ ќе се играат на 8 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот