ВИДЕО: Првиот комерцијален лет во вселената е закажан за следната година

Приватната компанија „Аксиом Спејс” денеска откри дека ќе изврши прв комерцијален лет на Меѓународната вселенска станица (МВС), но тоа ќе се случи најбрзо во јануари 2022 година.

„Аксиом Спејс” ќе лансира мисија која ќе биде прв лет досега кон станицата, која се наоѓа на 408 километри од Земјата, пишува „Индепендент”.

Мисијата веќе го доби името Ах-1 и ќе ја предводи Мајкл Лопез-Алехрија, кој веќе бил астронаут на НАСА, бидејќи досега четири пати летал во вселената, а сега е потпретседател на „Аксиом Спејс”.

Останатите тројца членови на тимот се приватните инвеститори – Американецот Лери Конор, Канаѓанецот Марк Пати и Израелецот Ејтан Стибе.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот