ВИДЕО | Пропалестински демонстранти упаднаа во ресторан и го нападнаа канадскиот премиер

Пропалестински демонстранти упаднаа во ресторан и го нападнаа канадскиот премиер / Фото Твитер

Стотици полицајци беа испратени во ресторан во Ванкувер каде што вечерал канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа, откако околу 250 пропалестински демонстранти го опколија ресторанот.

Двајца мажи беа уапсени, еден за наводен напад на полицаец, а другиот за опструкција, додека демонстрантите скандираа кон Трудо, вееја палестински знамиња и бараа премиерот да повика на прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас.

„Срам да ви е, имате крв на рацете“, извикуваа дел од демонстрантите.

Полицијата околу 22 часот успешно го отстранила Трудо од ресторанот, а тој не е повреден.

Трудо претходно го повика Израел да покаже максимална воздржаност за да ги заштити цивилите додека израелските сили продолжуваат со офанзивата низ Газа.

„Ги слушаме сведочењата на лекарите, преживеаните, децата кои ги изгубиле своите родители. Светот е сведок на убиства на жени и деца“, рече Трудо.

Тој исто така го повика Хамас да престане да ги користи Палестинците како жив штит, но еврејските лидери остро ги осудија неговите забелешки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот