Пожар во Алберта, Канада/Фото: EPA/AMRU SALAHUDDIEN

ВИДЕО | Пожари во Канада, евакуирани над 17.000 жители од Манитоба

Повеќе од 17.000 луѓе се евакуираат од своите домови во Манитоба, централна Канада, бидејќи покраината доживува еден од најлошите почетоци на сезоната на шумски пожари, соопштија властите.

„Ова е најголемата операција на присилна евакуација во Манитоба во последниве години, изјави покраинскиот премиер Уаб Кинју за време на прес-конференција, објавувајќи вонредна состојба низ целата покраина.

Воен авион ќе биде распореден „веднаш“ за да им се овозможи на жителите од најоддалечените области брзо да се евакуираат, додаде тој.

Речиси два милиони акри шумско земјиште се погодени од пожари од минатиот месец, односно, површина три пати поголема од годишниот просек во оваа покраина.

Вчера, 134 пожарни фронтови беа активни во различни провинции, вклучувајќи ги Онтарио, Британска Колумбија, Алберта и Саскачеван.

Според прогнозите на властите, тековната сезона на шумски пожари може да биде „над нормалата“ во Централна и Западна Канада во јуни и јули и „далеку над нормалата“ во август, особено поради тешката до екстремна суша што продолжува да влијае на делови од земјата, од кои голем дел е покриен со шуми и области со вегетација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот