ВИДЕО | Пожар во Злокуќани, зафатени неколку куќи

Вечерва, во 20:02 часот, преку системот за итни повици Е-112 бил пријавен пожар во куќа на улицата „Скупи“ во Злокуќани.

По пријавата, Министерството за внатрешни работи, преку Дежурно-оперативниот центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК), побарало итно исклучување на електричната енергија во нисконапонската мрежа, со цел да се овозможи безбедна интервенција на екипите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ).

Според првични и неофицијални информации, освен првично зафатената куќа, пожарот се проширил и на уште три соседни куќи.

Пожарникарските екипи се на терен и работат на локализирање и гаснење на огнот.

Засега нема информации за евентуални повредени лица, а причините за пожарот ќе се утврдуваат дополнително.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот