ВИДЕО | Пожар во Дубаи: Гори 35-катница во близина на Бурџ Калифа

Пожар Дубаи/ Фото Karim SAHIB / AFP / Profimedia

Пожар избувна рано утрово во 35-катница во Дубаи во близина на Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот, пренесува АП.

Веднаш не беше јасно дали има повредени во пожарот во станбената зграда, кој во меѓувреме е изгаснат.

Црните траги од пожарот може да се видат како се протегаат до зградата која е дел од серијата кули наречени „8 Boulevard Walk од Emaar“.

Полицијата во Дубаи засега не го коментираше настанот.

Серијата пожари во високите згради во Дубаи преполн со облакодери во последниве години ги оживеа прашањата за безбедноста на облогите и другите материјали што се користат во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот