Пожар во Франција/Фото: Lionel BONAVENTURE / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Пожар се шири низ Јужна Франција, еден загинат

Големиот пожар што избувна вчера во Јужна Франција, во департманот Од, продолжува да гори, а досега изгореа 80.000 хектари вегетација. Според локалните власти, едно лице го загуби животот во пожарот, додека има извештаи за најмалку двајца повредени, од кои едниот е во сериозна состојба, бидејќи се здобил со обемни изгореници.

Департманот Од соопшти дека пожарот што се шири „многу брзо“, изгорел огромна површина за неколку часа и предизвикал затворање на автопатот А9 што ги поврзува Франција и Шпанија, додека 1.820 пожарникари се обидуваат да го стават под контрола. Во исто време, напојувањето со електрична енергија е прекинато за околу 2.500 домаќинства во областа.

Пламените јазици, разгорени од ветерот, стигнаа до селото Сен Лоран де ла Камбрерис, во близина на Каркасон, каде што беа изгорени куќи.

Летните кампови беа евакуирани како мерка на претпазливост, додека околу 30 домови беа евакуирани. Во Турнисан, друго село во областа, жителите се обидуваа да го локализираат пожарот користејќи црева, откри фотограф на АФП.

Над илјада пожарникари се борат со пламените јазици. Тројца се полесно повредени. До стемнување, воздушната противпожарна опрема, девет авиони „канадер“, пет авиони „даш“ и два хеликоптера, но и покрај употребата на максималниот број на национални капацитети, пожарот не беше ставен под контрола, признаваат локалните власти.

Претседателот на земјата, Емануел Макрон, доцна синоќа напиша на „X“ дека сите владини ресурси се мобилизирани за справување со пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот