ВИДЕО: Поранешен политичар кој сакаше да легализира детска порнографија обвинет за киднапирање на малолетно девојче во САД

Нејтан Даниел Ларсон, од американската сојузна држава Вирџинија е обвинет за киднапирање на 12-годишно девојче, јави Си-Ен-Ен, додавајќи дека 40-годишниот педофил во моментов се наоѓа во затвор во Денвер

Шерифот од округот Фресно изјави дека осомничениот управувал со сајт што поттикнува силување деца и објавување на фотографии и снимки со таква содржина.

Ларсон уште во октомври преку социјалните мрежи се запознал со 12-годишното девојче, кое живее во Фресно, и во текот на следните два месеца преку манипулации ја убедил да му испрати свои разголени фотографии.

Минатата недела тој долетал во Фресно и ја убедил девојката да се прикраде од нејзиниот дом во 2 часот по полноќ, а потоа повикал такси за да стигне до аеродромот.

Ларсон на девојчето му ставил перика и му кажал да се однесува како да е глувонема, за да не зборува со никого.

Полицијата истиот ден објавила дека девојчето е исчезнато, а кога детективите дознале дека киднаперот и девојчето се качиле во авион за Вашингтон, со трансфер во Денвер, исконтактирале со тамошните власти и побарале да го проверат Ларсон.

Полицијата во Денвер го уапсила киднаперот, а агентите на ФБИ го спасиле девојчето, кое не било повредено.

Ларсон е поранешен политичар кој се кандидирал за јавна функција во Вирџинија.

Тој својата политичка платформа ја опишал како „антифеминистичка“, со ветувања за легализирање на детска порнографија и полигамијата, укинување на државниот оддел за заштитни услуги на децата и обесхрабрување на жените да одат на колеџ, пренесуваат американските медиуми.

Ларсон исто така сакаше да го легализира бракот од инцест и да го укине 19-тиот амандман со кој на жените им се дава право на глас.

Во неговиот политички манифест од 2018 година тој рече: „Треба да се префрлиме на систем што ги класифицира жените како имот, првично на нивните татковци, а подоцна и на нивните сопрузи“, објави ХафПост. Покрај тоа, Ларсон се идентификува и како бел супремацист, ветувајќи дека ќе ја „врати добронамерната надмоќ на белите“ и го нарече Адолф Хитлер „јунак на белите супремацисти“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот