ВИДЕО: Поради неспортскиот потег Меси суспендиран на два меча!

Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Аргентинецот ќе го пропушти дуелот во Кралскиот куп против Корнела, како и лигашкиот натпревар против Елче.

Дисциплинската комисија на Фудбалскaта федерација на Шпанија го суспендираше Лионел Меси на два натпревари за црвениот картон (прв во дресот на Барселона) во финалето на Суперкупот на Шпанија во кое Каталонците загубија од Атлетик Билбао.

Прекршокот на Меси во самиот финиш од средбата е оценет како неспортски потег, севкупно тоа беше негов трет црвен картон во кариерата.

Колку отсуството на еден од најдобрите фудбалери на Барса ќе влијае на играта на тимот, останува да се види.

Моментно во „Ла Лига“ составот на Роналд Куман се наоѓа на третото место со 34 бодови, зад второпласираниот Реал Мадрид (37), водечки е Атлетико Мадрид (41),  а плус „јорганџиите“ имаат и два меча помалку.

ВИДЕО: Барса остана без трофеј, Меси го доби првиот црвен картон!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот