ВИДЕО: Помошта за поплавено Делчево е на пат, најпотребни се пумпи за исфрлање на водата

Фото: Фејсбук

Имаме исконтактирано со околните општини, помошта во однос на пумпи за исфрлување на вода, е на пат и чекаме, имаме организирано, знаеме каде да ги упатиме овие пумпи. Луѓето на коишто им се поплавени домовите, може да се јавуваат на бројот 193 во Пожарната, изјави делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, по силното невреме што ги зафати Делчево и околината.

Тој информира дека се поплавени одредени улици, пропаднат е асфалтот на една од нив, а на терен се екипи на Територијалната противпожарна единица, јавното комунално претпријатие, „Македонија пат“.

Полицијата што го регулира сообраќајот е тука, додаде тој, за да може што побрзо да се стави градот во функција и да се помогне на луѓето, таму каде што се поплавени домови.

„Врнежите, со тој интензитет со којшто беа во време од час и неколку минути, нема атмосферска канализација што може да ги апсорбира“, рече Трајковски, меѓу другото.

Директорот на комуналното претпријатие Стојче Стојковски појасни дека поради настанати дефекти, можно е одредени населени места во текот на ноќта да бидат без вода за пиење.

Трајковски и Стојковски препорачуваат засега граѓаните да купуваат вода за пиење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот