ВИДЕО: Полјаците го елиминираа олимпискиот вицешампион Русија

Полјаците се во полуфиналето, а таму ќе играат со Чешка или Словенија/Фото: EPA-EFE/Adam Warzawa

Одбојкарите на Полска ја совладаа Русија со 3:0 по сетови 25:14, 26:24 и 25:19 и се пласираа во полуфиналето на Европското првенство.

Во борбата за пласман во финалето Полјаците како едни од домаќините на континенталниот собир ќе играат против победникот од дуелот Чешка – Словенија.

Бодрени од своите верни навивачи, полските репрезентативци доминираа против руската селекција, освојувач на олимпиското сребро летово во Токио.

Во победничките редови по 14 поени имаат Курек и Леон Венеро, а на спротивната страна истиот учинок го имаше и Клиука.

Претходно српската селекција се промовираше како учесник во полуфиналната фаза, откако со 3:0 ја елиминираше Холандија.

В среда ќе се одиграат останатите четвртфинални средби, Италија против Германија (16.00 часот) и Чешка против Словенија (19.00 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот