Српските одбојкари се првите полуфиналисти на Европското првенство

Актуелниот европски шампион Србија повторно ќе се бори за медал/Фото: EPA-EFE/Adam Warzawa

Одбојкарската репрезентација на Србија и воедно актуелен европски шампион се пласираше во полуфиналето на континенталниот собир 2021.

На дуелот во Гдањск (Полска) српските репрезентативни со максимални 3:0 по сетови 25:23, 25:20 и 27:25 ја елиминираа Холандија која беше еден од ривалите на Македонија во групната фаза.

Во победничките редови доминираше Петриќ со 15 поени, шест помалку запиша Лубуриќ, а за „лалињата“ единствено „двоцифрен“ еше Абдел-Азиз.

Противник на Србите во полуфиналето во полскиот Катовице за четири дена ќе биде победникот од дуелот Италија – Германија.

Во останатите четвртфинални мечеви на ЕП се среќаваат Полска – Русија и Чешка – Словенија.

Видео на денот