ВИДЕО: Почитување и унапредување на правата на лицата со хендикеп и отстранување на сите бариери, разговор со Кочовска од „Полио плус“
Слободен печат
Пред
Почитување и унапредување на правата на лицата со хендикеп и отстранување на сите бариери со цел да се овозможи нивно вклучување во општествениот и политичкиот живот, подигнување на јавната свест за ова прашање, иницирање законски решенија кои тоа ќе го овозможат, се дел од прашањата на кои ќе работи Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) што беше формирана во рамки на овој пратенички состав на Собранието.
„ИППГ за прв пат е формирано 2003. Иницијатор е „Полио плус“. Оваа група треба да претставува собраниско тело кое ќе го артикулира гласот на лицата со хендикеп. Мината недела беше конституиран новиот состав. Се приклучија 50 пратеници од сите политички партии. Се избра и потесното тело и допрва ги чека работа“, изјави Елена Кочовска од „Полио Плус“.
„Направена е анализа со поддршка од Вестминстер фондација за демократија во соработка со парламентарниот инситут како парламентите во светот (шест парламенти) всушност ја вградуваат конвенцијата за правата на лицата со хендикеп и верувале или не меѓу подобрите е и ИППГ. Се работи на измени на закони, има големи успеси. Проблемот е што кај нас нема институционална меморија. Потребно е и подигнување на капацитетот на ИППГ во иднина да стане и формално собраниско тело и нема да дозволи ниеден закон да помине без да биде разгледан од аспект на конвенцијата за правата на лицата со хендикеп“, вели Кочовска.
Според Елена Кочоска „Полио Плус“, пристапност не значи само пристапност до објекти и институции, туку и пристапност до информации. Потребно е, нагласи таа, да се работи на подигнувањето на јавната свест, но и да се работи за почитување и унапредување на правата на овие лица.
Целиот разговор погледнете го во видеото:
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Пред штимувањето на инструментите и првиот отсвирен тон – пред да започнат со проба – се најдовме со еден од новите скопски бендови, „Персеида“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Последните неколку месеци името „Персеида“ сè почесто се споменува меѓу љубителите на еден поразличен вид музика. Иако се оформи пред помалку од една година, …
По скандалот во Гостивар, откако јавноста дозна дека граѓаните 20 дена пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, ги прашавме случајните минувачи од каде пијат вода. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Генерално луѓето што ги анкетиравме велат дека последните години купуваат вода од маркет. – Не се чувствувам …