ВИДЕО: Пилот грабна мал авион и сее страв од воздух – се закани дека ќе влета во супермаркетот Волмарт

Пилот грабнала авион во Мисисипи/Фото: Твитер

Пилот грабнал мал авион во американската сојузна држава Мисисипи и се заканил дека ќе го урне во супермаркет на Волмарт во Тупело.

Според локалните медиуми, по повеќе од еден час неконтролирано летање, авионот барем привремено го напуштил воздушниот простор на Тупело.

Се претпоставува дека авионот моментално се наоѓа во близина на Хикори Флет, на околу 70 километри од Тупело.

Полицијата на местото на настанот соопшти дека пилотот претходно летал во близина на фабриката на Тојота во блискиот Блу Спрингс, а подоцна било потврдено дека е северозападно од Њу Албани.

Полицијата претходно го евакуираше супермаркетот, како и сите згради на таа улица и ги предупреди граѓаните да го избегнуваат просторот бидејќи ситуацијата може брзо да се влоши.

– Се замолуваат граѓаните да го избегнуваат просторот додека официјално не биде објавено дека не се расчисти ситуацијата. Со мобилноста на овој тип авиони опасната зона е многу поголема од самиот град Тупело – соопштија властите.

Бизарниот инцидент почнал да се случува околу 5 часот наутро. Деталите се штури, но полицијата соопшти дека пилотот се јавил на 911 и бил во контакт со нив.

На видеото објавено на Твитер се гледа како авионот лета во круг низ улиците. Записите на FlightAver покажуваат дека станува збор за двомоторен Beechcraft King Air 90 турбопроп во сопственост на локален уролог – иако има извештаи дека бил украден од аеродромот Тупело.

Еден локален весник објави дека се верува дека пилотот бил поранешен вработен на аеродромот, иако ова тврдење не е потврдено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот