ВИДЕО | Петрески: Преземаме краткорочни мерки кои скапо ги плаќаме, а не го решаваме проблемот

проф. д-р Благица Петрески, извршен директор на Finance Think
проф. д-р Благица Петрески, извршен директор на Finance Think / Утрински брифинг

Околу темата на замрзнување на цената на одредени прозиводи, ние забележуваме дека настана еден вид на паника кога поради растот на цените во голема мера се носат мерки кои што имаат краткорочна природа и сите тие мерки се со цел да ги заштитат најранливите граѓани. Така што, ние за да постигнеме една цел, преземаме низа на мерки кои што имаат широк опфат, изјави за Утрински брифинг проф. д-р Благица Петрески, извршен директор на Finance Think.

-Ако пластично се обидеме тоа да го објасниме, тоа значи дека имаме една цел да „отепате зајак“, но за тоа да го направите користиме широк арсенал кој ќе се распрне на сите страни. Сакајќи да ја постигнеме едната цел исфрламе пари кои што таргетираат граѓани кои што може да си дозволат да ги платат услугите кои што се нудат, по цена која што е пазарна, вели Петрески.

-Во последните 15-20 години станавме зависни од субвенции. Тие субвенции ние ги дожувавме како начин кога ќе згусне ситуацијата може да биде елиментирано преку државните субвенции. Во минатото биле земјоделските субвенции каде што во голема мера биле користени и како социјална категорија. И денес тие опфаќаат околу 110 милиони евра од Буџетот. Минатата година следни субвенции се субвенциите за плати и придонеси каде што достигнавме фантастични 40 милиони евра поддршка од централен Буџет, вели Петрески за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот