ВИДЕО | Пешевски: Синдикалната кошничка ќе биде со повисок износ, имајќи ги предвид покачувањата на цените

Иван Пешевски потпретседател на ССМ за приватен сектор
Иван Пешевски потпретседател на ССМ за приватен сектор / Утрински брифинг

Јануари е најдолг месец во годината, не според бројот на денови туку такво е чувството бидејќи е и најладен, доаѓа веднаш по новогодишните празници, а и самиот е исполнет со голем број празнични денови.

Убаво е тоа што за време на празнувањето најголем дел го посветуваме на семејството, на фамилијата па и по малку се опуштаме во секоја смисла на зборот, но сега повторно треба да се вратиме во нормала, како со секојдневните работни обврските така и со живеењето. Сега стигнуваат сметките кои треба да се подмират, а од почетокот на годинава со оглед на зголемените трошоци за храна, енергенси, електрична енергија и тоа како ќе бидат поголеми.

Според последниот извештај за труд на ДЗС кој се однесува на десетти месец 2021 година просечната нето плата исплатена по работник изнесува 29.145 денари. Последните пресметките пак на Сојузот на синдикати на Македонија за месец декември се дека минималната синдикална кошница овој месец изнесувала 35.042 денари.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Иван Пешевски потпретседател на ССМ за приватен сектор.

-Оваа година можеби ќе ни фалат и повеќе од 6.000 денари, имајќи ја предвид куповната моќ која ќе ја имаат овие 35.ооо денари, бидејќи се е покачено во смисла на енергенси, електрична енергија, гас, горива. Оваа минимална синдикална кошница за едно четиричлено семејство ја пресметуваме токму на прагот за едно преживување, бидејќи овде нема никаква стапка за некаков станбен кредит или штедење за годишен одмор, туку едноставно за леб и сол да се издржи месецот, вели Пешевски.

Што сѐ има синдикалната кошничка? Пеешевски вели дека секогаш се става некаков просек, внесени се и доста производи што ги објавува и ДЗС, но има ставка на домување, исхрана и пијалоци, хигиена, превоз, облека, обувки, култура и оддржување на здравје.

-Доколку ја имате во преглед синдикалната кошничка, ќе видите дека тука се ставени некои најминималниизноси за едно четиричлено семејство д аможе да го истурка месецот. Од друга страна имаме просечна плата од 29.145 денари, каде што знаеме како се прави просекот во државата и тука се влезени и приватниот и јавниот сектор. Мора да имаме предвид дека скоро 120.000 семејства живеат на минималниот праг, односно се со 15.194 денари, додава тој.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот