ВИДЕО: Пејачот Виктор Апостоловски за скандалот со фрлањето на македонското знаме

Виктор Апостоловски
Виктор Апостоловски / Утрински брифинг

Да бидам искрен, гледам да не навлегувам во скандалот со фрлањето на знамето. Го разбирам гневот на луѓето, ја разбирам реакцијата. Како народ имаме насобран гнев и тоа се рефлектира на одредени места. Самиот чин на фрлање знаме, знаеме како може да се протолкува, изјави Виктор Апостоловски, финалист на годинашниот македонски избор за Евровизија, околу инцидентот во Торино, Италија.

– Има луѓе кои треба да се погрижат за ова и одговорат. Се работи, според мене, за неискуство. Јас сум сигурен дека ова е ненамерно. Но, за мене фрлање на знамето значи пораз, вели тој.

Апостоловски смета дека е потребен протокол, цела екипа која треба да се грижи за оние што ја претставуваат државата.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот