ВИДЕО: Партизан подготвен за дербито против Црвена звезда

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

После два порази во низа во Евролигата, кошаркарите на Партизан на домашен терен во 18 коло го совладаа Лион-Вилербан со 90:77. Српската екипа ја имаше фаворитската улога и така се постави од првата минута на овој дуел, и на крајот дојде до победата.

Првата четвртина им припадна на домашните играчи, иако беше доста израмнета. Но, во вториот период беше клучен за тимот на Жељко Обрадовиќ. Партизан одигра одлична одбрана, и на одмор замина со водство од 50:31 и уште тогаш се најавуваше дека триумфот е сигурен.

Третата четвртина не донесе било какво изненадување, а во поселдните 10 минути Французите беа нешто подобри, а причина беше опуштањето кај домаќините. Најдобар во редовите на Партизан беше Пантер со 22 поени, а два повеќе за Лион запишан Скот.

Во следното коло Партизан за два дена ќе ги одмери силите против Црвена звезда која славеше на гостувањето кај Фенербахче (76:85).

Во вторникот се одиграа уште три натпревари: Фенербахче – Црвена звезда 76:85, Жалгирис – Алба Берлин 77:71 и Макаби Тел Авив – Монако 93:83.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот