ВИДЕО | Падна потпорен ѕид кај штипската болница и смачка две коли
Голем потпорен ѕид утрово ненадејно попушти и се сруши врз паркирани возила кај штипската болница, предизвикувајќи огромна материјална штета. За среќа нема повредени луѓе, објави Мнет.
Препорачано
Од фотографиите и видеата објавени од местото може да се види дека големи бетонски блокови, огромно количество земја и камења згмечиле најмалку две коли. Едното возило е речиси целосно покриено од срушената конструкција, а врз другото паднала тешка метална ограда.
Една жена која дошла на преглед во болницата, раскажа дека само што го оставиле возилото и тргнале кон болницата одеднаш слушнале гласна врева и виделе дека ѕидот паднал врз автомобилот.
– Паркиравме и само што појдовме нагоре, слушнавме и кога дојдовме, беше страшно. Среќа се поправа, само да се живи и здрави децата – изјави Крстевска.
На местото на настанот веднаш излегоа екипи од СВР Штип за регулирање на сообраќајот на улицата Љубен Иванов, која води кон главниот влез на болницата. Просторот е исчистен од екипи на ЈП „Стипион“, а сообраќајот е во нормала.
Свлечиштето, како што раскажуваат очевидци на настанот, се случило по интензивни врнежи и влага во земјиштето.
Изграден потпорен ѕид на улица во Радишани за да се спречи лизгање на земјиштето


