ВИДЕО | Падна и Барнли пред Евертон, четврта победа во низа за „карамелите“

Фото: Everton FC

Казната со одземените десет бода која ја добија од Премиер лигата како да ги мотивираше фудбалерите на Евертон, па почнаа да редат победи. Последна жртва на „карамелите“ беше Барнли кого денес го совладаа со 2:0.

Натпреварот Евертон го реши уште во првото полувреме кога беа постигнати двата гола. Прво Онана го отвори резултатот по 19 минути игра, а потоа Кин само шест минути подоцна го постави конечнот резултат.

Со споменатите четири победи Евертон сега е на 16-тата позиција со 16 освоени бодови, додека Барнли е претпоследен со осум бода и засега изгледа како еден од најсериозните кандидати за испаѓање во Чемпионшип.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот