ВИДЕО: Ова го може само Меси, чуден гол на Лео, Аргентина убедлива против Уругвај

Лионел Меси ја започна гол серијата на Аргентина против Уругвај (3:0)/Буенос Аирес, Аргентина/10 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/Matias Napoli

Доцна синоќа продолжија натпреварите во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство, во дербито Аргентина без поголеми проблеми со 3:0 го совлада Парагвај.

Тоа беше дуел помеѓу двајца поранешни соиграчи од Барселона, Лионел Меси на аргентинска и Луис Суарез на уругвајска страна, на крајот Меси излезе како победник.

А токму Лео го постигна првиот гол за „гаучосите“, дефинитивно еден од најчудните во својата долга и богата кариера. Се играше 38 минута кога Меси имаше намера да го пронајде Николас Гонзалез кој се обиде да ја зафати топката која се одби од земја и тоа како да го измами голманот Фернандо Муслера.

Претходно Уругвајците имаа шанса во 21 минута да дојдат во предност, но ударот на Суарез од седум-осум метри го одбрани Емилијано Мартинез.

До паузата Аргентина го зголеми водството, Родриго Де Пол во 44 минута го искористи додавањето на Лаутаро Мартинез, а токму асистентот го постави и конечниот епилог во 62 минута за вкупно шести триумф во овие квалификации.

Во другите мечеви Чиле со 2:0 беше подобар од Парагвај, Боливија со 1:0 го совлада Перу, Венецуела славеше над Еквадор (2:1), а беше прекината победничката серија на Бразил кој одигра 0:0 против Колумбија на гостински терен.

Табела: Бразил 28 бодови, Аргентина 22, Еквадор 16, Уругвај 16, Колумбија 15, Парагвај 12, Перу 11, Чиле 10, Боливија 9, Венецуела 7.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот