ВИДЕО | Oва е оптимизам: Тренерот на Челси на пет минути пред крај и 8:2 негатива делеше тактички инструкции
Фудбалерите на ПСЖ го прегазија Челси во осминафиналето од Лигата на шампионите со вкупни 8:2, а на реваншот во Лондон беше забележан и еден интересен момент.
Препорачано
Францускиот тим во 85. минута водеше со убедливи 3:0 (вкупно 8:2), кога тренерот на Челси, Лијам Росениор, при еден прекин го повика крилниот напаѓач Алехандро Гарначо.
Додека му даваше инструкции, Гарначо внимателно го слушаше и одобрувачки кимаше со главата. Потоа Росениор му подаде ливче со тактички замисли, што кај младиот фудбалер предизвика видлива збунетост. Сепак, тој го зеде и го однесе преку целиот терен до соиграчот Тосин Адарабиојо.
И стоперот на Челси изгледаше малку збунето затоа што добива дополнителни инструкции во момент кога неговиот тим губи со шест гола разлика на само неколку минути до крајот, а и двете екипи практично го чекаа последниот судиски свиреж.
Alejandro Garnacho didn’t look convinced the moment Liam Rosenior passed the tactical note. Even Tosin looked clueless after receiving it.
— SHAYEE 𒀭 (@tier_1st) March 17, 2026
ВИДЕО | ПСЖ го понижи Челси и на „Стемфорд Бриџ“ и со вкупни 8:2 оди во четвртфиналето на ЛШ


