ВИДЕО: Од почетокот на неделава руската полиција ги бара крадците на опремата од супер тајниот авион „Авионот на судниот ден”

Руската полиција денеска соопшти дека трага по крадци кои украле техничка опрема од супер таен воен авион познат како „Авион на судниот ден”, дизајниран за нуклеарна војна.

Кражбата се случила за време на одржувањето промоцијата на Иљушин Ил-80 и покренува прашања за безбедноста на руските воени објекти. Тоа е пренаменет патнички авион што требаше да служи како команден пункт за високи офицери за време на Студената војна.

Кражбата беше откриена на почетокот на неделава од руските медиуми, кои пренесуваат дека траги од провала биле забележани на товарниот дел од авионот минатиот петок и дека биле одземени 32 електронски уреда.

Полицијата во јужниот регион Ростов извести дека авионот се наоѓал на аеродромот во градот Таганрог, но не прецизирале за какви уреди се работи, освен што вределе околу 13.600 американски долари.

Руски воени експерти претпоставуваат дека биле украдени затоа што содржат благородни метали, како што се злато и платина.

Инцидентот се случи во време кога претседателот Владимир Путин внесува огромни суми пари во руската војска, поради најлошите односи со Западот од крајот на Студената војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот