ВИДЕО: Новиот директор на Бирото за метрологија признава дека ја мешал со метеорологијата

Фото: Телма / принтскрин

Новиот директор на Бирото за метрологија, Абдул-Селам Селами, признава дека до пред некое време мислел оти метрологијата и метеорологијата се една иста научна дисциплина, односно дека метрологијата е наука за временските услови и временската прогноза.

Ова тој го откри во својот говор по повод Денот на метрологијата. Од искреното признание на Селами се навестува дека е можно тој ова да го дознал дури откога бил назначен за директор на Бирото, кое е највисоката метролошка институција во земјава.

„Метрологијата нема врска со временска прогноза, во кое што јас, очигледно да ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето, но го одбележува влијанието на мерењето врз нашиот секојдневен живот“, рече Селами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот