ВИДЕО | Новинарката Симоновска: Одговорите за Онкологија се во медицинските досиеја што ги зеде Обвинителството

Скандалот на Клиниката за онкологија ја вознемири јавноста и пациентите, предизвика недоверба кон здравствениот систем која се чувствува и од вработените, па затоа е добро да следуваат системски промени кои што ќе ја вратат довербата, смета новинарката на „Слободен печат“ Мирослава Симоновска која утринава гостуваше во емисијата „Слободен печат“.

Според неа, сите одговори се кријат во медицинските досиеја на пациентите кои што се веќе во фаза на предистрага и тие ќе ја откријат вистината.

-Кога МВР и Обвинителството влегоа да ги земат сите медицински истории и компјутери од Клиниката се јави револт кај јавноста. Сметам дека токму тие медицински истории кои се земени од Клиниката за онкологија од страна на истражните органи се клучот каде се кријат одговори на многу прашања, кои се виновниците ако има такви, што бил проблемот, дали имало несовесно лекување, дали терапијата била администрирана како што треба. Мора да признаеме дека навистина кај пациентите се создаде огромна недоверба кон здравствениот систем и Клиниката за онкологија. Таа недоверба ја чувствуваат и самите вработени. Дојде до степен министерот за здравство да оди во Клиниката за онкологија да им се обраќа на пациентите и да ги уверува дека примаат терапија. Дури и од сведочењата на некои пациенти во судница, бидејќи „Слободен печат“ ги следи судењата, има пациетка која се сомнева дека не примила терапија. Откако МВР и Обвинителството влегоа на Клиниката, се разбудија некои стари приказни, изјави Симоновска.

За КАТО системот за компјутерска припрема на цитостатици, министерот за здравство доктор Фатмир Меџити вчера најави дека ќе биде распишан тендер за повторно негово воведување во функција како системско решение. Симоновска вели дека станува збор за добар систем, користен во 250 болници ширум светот, вклучително во САД, Австралија, Европа и регионот. Пред една недела е ставен во функција во Црна Гора.

Целиот разговор со Симоновска погледнете го во продолжение.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот