ВИДЕО: Нова серија која ќе ве оттргне од репризното гледање на „Сексот и градот“ или филмот „Ѓаволот носи Прада“

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Можеби сте слушнале за серијата „The Bold Type“, која неодамна пристигна на „Нетфликс“ дека е меѓу 10-те најгледани, што не е изненадувачки. За среќа, снимени се веќе четири сезони, така што нема да чекате нетрпеливо да излезат нови епизоди доколку се „навлечете“ и на оваа серија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Bold Type (@thebold.type)

Во фокусот на оваа американска серија се три 20-годишни девојки, блиски пријателки кои работат во измисленото престижно модно списание „Scarlet“ во Њујорк. Според некои медиуми, серијата била инспирирана од поранешната уредничка на американскиот „Космополитен“, Џоана Колс, која исто така е извршен продуцент, а нејзините иницијали биле користени за името и презимето на уредникот во серијата – Џаклине Карлајл.

Сепак, за разлика од филмот „Ѓаволот носи Прада“, во кој главната уредничка, неофицијално инспирирана од Ана Винтур, е прикажана како страв и трепет за целата редакција, но и на сите луѓе кои работат со неа, во оваа серија нема такви ситуации. Всушност, водечката мисла е дека жените треба да се поддржуваат меѓусебно, во сите аспекти од нивниот живот, па затоа е вистинско освежување да се гледа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Bold Type (@thebold.type)

Главните улоги во серијата се Џејн Слоун (Кети Стивенс), помошникот стилист Сатен Брејди (Меган Феј) и уредникот на социјалните мрежи Кет Едисон (Ајша Ди), секогаш совршено облечени и подготвени за луд ноќен живот во Њујорк.

Особено во овие денови, кога дел од луѓето ширум светот работат од дома поради пандемијата ова ќе биде убава забава по работниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот