ВИДЕО: Њукасл го чека Манчестер јунајтед во финалето на Лига купот

Њукасл ќе се бори за првиот домашен пехар во Англија после 1955 година кога го освои ФА купот. И во реванш натпреварот од полуфиналето во Лига купот славеше против Саутемптон овојпат со 2:1 и така го потврди триумфот од првиот меч (0:1).
Двоен стрелец во домашната победа на стадионот „Ст. Џејмс Парк“ беше Лонгстаф во петтата и 21 минута.
Гостите се надеваа дека ќе направат чудо во 29 минута кога Адамс намали на 2:1, но создадоа само една шанса до крајот на мечот.
Иако Њукасл од 82 минута остана без еден играч на теренот поради црвениот картон на Гимараеш, до крајот на средбата успеа да ја задржи предноста и да се пласира во финалето.
А во борбата за трофејот, освен ако не се случи големо изненадување, се очекува составот на Еди Хоу да игра против Манчестер јунајтед кој в среда на „Олд Трафорд“ ќе стартува со позитива од 3:0 стекната на првиот меч на гостувањето кај Нотингем форест.