ВИДЕО | Николов: Мерката со затворање на угостителските објекти ќе даде резултати бидејќи нема да гледаме собирање

За жал бројот на новозаразени нагло почна да расте не само во Штип, туку во целиот регион. Штипската болница ги прифаќа сите пациенти од овој дел на државата. Се отвори и модуларната болница со сите 47 лежечки капацитети, така што по вчерашните бројки некаде околу 100 пациенти се хоспитализирани во Кличката болница – Штип, 47 во модуларната болница, околу 53 во ифективното одделение и во анестезија има уште 7-8 пациенти кои лежат во тој дом, изјави во Утрински брифинг, градоначалникот на Штип, Д-р Сашко Николов.

-Мислам дека последната мерка на владата ќе даде резултати. Мерката со затворање на угостителските објекти, која ќе секако биде тешка за самите угостители, ќе даде резултати бидејќи нема да гледаме собирање. Покажавме дисциплина како народ, но покажавме и периоди на недисциплина. Доколку го имаме полицискиот час и тотален локдаун за викендите, младите се собираа по викендици. Но мора да бидеме свесни дека од оваа година си имаме работа и со британскиот сој кој за жал ги напаѓа и младите. Бројките на починати веќе се мешовити, вели Николов.

-Општината нема возило кое може да излезе на високи терени, но имаме одлична соработка со касарната, каде се наоѓа НАТО батаљонот. Шумската полиција располага со соодветни џипови кои се генерално на терен и се наоѓаат во високи и планински делови. Не сме имале проблем наш граѓанин да се повреди на планина и недостапен дел. Но кога беа снежните врнежи пред два месеци, со хеликоптер во соработка со касарната, војската се достави храна до оние недостапни делови, вели Николов.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот