ВИДЕО | „Невозможна статуа“: Вештачката интелигенција „изваја“ челична скулптура

Фотo: Youtube/ Sandvik

Статуа од нерѓосувачки челик тешка 500 килограми и висока 150 сантиметри е создадена со користење на најновите достигнувања во вештачката интелигенција, а инспирирана од делата на Микеланџело и Огист Роден. Статуата може да се види во Музејот за наука и технологија во Стокхолм, во постојана изложба за вештачка интелигенција., пренесува „Ројтерс“.

Зад изработката на оваа статуа е шведскиот производител на опрема за сечење и ископување руда „Сандвик“, кој сакаше да ги промовира своите дигитални производствени вештини и алатки за обработка и сечење метал. Програмерот Роберт Лучиани, кој го создаде нацртот на статуата со помош на вештачката интелигенција, истакнува дека еден од неговите најголеми предизвици, меѓу другото, бил како да ги спои делата на пет различни уметници од различни епохи и да ги спои во едно несекојдневно уметничко дело. Од компанијата „Сандвик“ велат дека статуата била дизајнирана со обука на повеќе модели на вештачка интелигенција за уметничкиот опус на петте скулптори, користејќи некои од нивните најпознати атрибути, како што се „динамичните пози надвор од рамнотежата“ на Микеланџело и „мускулатурата и рефлексивноста“ на Роден. Други извори на инспирација биле германската уметница Кет Колвиц, јапонскиот скулптор Такамура Котаро и афроамериканскиот скулптор Аугуста Севиџ.

Во производниот процес биле користени повеќе од 20 различни алатки за стружење, дупчење, режење и провлекување, заедно со различните софтверски решенија. Употребени се вкупно два и пол тони нерѓосувачки челик, од кои два тона паднале при процесот на обработка, што резултирало со статуа тешка 500 килограми. Целиот челик што се обработува се рециклира и повторно се користи нагласиле од компанијата „Сандвик“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот