ВИДЕО: Неверојатниот Кари собори рекорд на Вилт Чембрлен

Уште една блескава партија на Стеф Кари за Голден стејт вориорс/Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Голден Стејт вориорс со 116:107 го совлада Денвер нагетс во натпревар кој го одбележа Стеф Кари.
„Воините“ на полувреме имаа пет поени негатива, но со фантастична игра во третата четвртина која ја решија во своја корист со 43:22 создадоа убедлива предност која ја задржаа до крајот на натпреварот.

Најзаслужен за победата беше Стеф Кари со 53 поени и притоа успеа да го собори клупскиот рекорд кој досега го држеше легедарниот Вилт Чембрлен. Имено дојде до бројката од 17.786 поени во кариерата за Голдесн Стејт и го престигна Чембрлен (17.783) кој рекордот го држеше од 1964. година.
Кај Денвер прво име беше Никола Јокиќ со 27 поени и 10 скокови, Мајкл Портер јуниор постигна 24 поени, но затоа се повреди Џамал Мареј.

Најдоброт тим во Источната конференција, Филаделфија сиксерс со 113:95 го совлада Далас на натпревар на кој доминираше Џоел Ембид со 36 поени. На Далас не му помогна податокот дека Лука Дончиќ постигна 32 поени.

Актуелниот шампион ЛА Лејкерс кој сè уште игра без Џејмс и Дејвис, продолжува да реди порази. Овој пат подобар од „езерцата“ беше Њујорк никс кој славеше со 111:96. Блескаше поранешниот играч на Лејкерс, Џулиус Рендл со 34 поени и 10 скокови, додека најдобар кај шампионот беше Денис Шрудер со 21 поен.

Вашингтон визард со 125:121 го совлада најдобриот тим во Западната конференција, Јута џез.
Јута одлично го започна натпреварот и во првата четвртина постигна 42 поени, од одговорот дојде во втората и третата четвртина кога Вашингтон направи двоцифрена предност и предноста ја задржа до крајот на натпреварот.

Вообичаено најдобри кај Вашингтон беа Бредли Бил со 34 и Расел Вестбрук со 25 поени и по 14 скокови и асистенции. Кај Јута одличен беше Донован Мичел со 42 поени, а Бојан Богдановиќ застана на 33 поени.

Резултати:
Далас – Филаделфија 95:113
Њујорк – ЛА Лејкерс 111:96
Орландо – Сан Антонио 97:120
Мемфис – Чикаго 101:96
Њу Орлеанс – Сакраменто 117:110
Јута – Вашингрон 121:125
Голден Стејт – Денвер 116:107
Феникс – Хјустон 126:120

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот