ВИДЕО | Непланирана средба: Орландо Блум „очи в очи“ со бела ајкула

Фото: Принтскрин / Youtube - Instagram

Орландо Блум објави видео „во друштво“ на бела ајкула, кое веднаш стана вирално  на социјалните мрежи. Само на социјалната мрежа Инстаграм за рекордно време  го проследија повеќе 5,3 милиони луѓе.

Актерот  е снимен како сурфа на даска во Малибу, а под него одеднаш се појави огромна ајкула која кружете околу Блум и неговиот пријател додека уживаа во водените авантури.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Orlando Bloom (@orlandobloom)


Имено, иако ова изгледа како актерот да е на снимање на некој нов филм, но сепак ова било вистинска случка. Актерот веслал на само неколку метри од големата бела јакула.

Фотографот Карлос Гауна бил со некој другар, кога го снимил видеото во кое млада бела ајкула прави кругови под Орландо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Orlando Bloom (@orlandobloom)

Орландо изгледа целосно бестрашен, бидејќи бил свесен дека под него има ајкула.

„Кога стравот станува ваш најдобар пријател. Ти благодарам што го фати тој момент за мене“, напиша Орландо Блум.

– Сум снимил многу бели ајкули кои имаат средба со луѓе. Заедничката карактеристика што ја гледам во овие средби е дека и луѓето и ајкулите се прилично љубопитни. Во никој случај не сум експерт за ајкули, но мојата љубопитност ме тера да ги снимам. Уживам во погледот на луѓето кога ќе им дадам до знаење дека се покрај голема бела ајкула. Обично тоа е донекаде изненадена реакција измешана со малку страв. Но, се повеќе гледам луѓе кои се радуваат и поставуваат прашања за нив. Да, имаше напади во минатото, но ако поминеме повеќе време покажувајќи колку често овие ајкули коегзистираат со нас, можеме да почнеме да ја менуваме перцепцијата за овие прекрасни суштества. Да, тоа е врвен предатор и да, ние мора да бидеме одговорни во нашата интеракција со нив. Но, како што реков претходно, „ајкулите можат да бидат страшни, но тие не се никаде толку страшни како светот без ајкули, напиша фотографот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Orlando Bloom (@orlandobloom)


– Го снимив Орландо Блум кој сурфа над мала бела ајкула. Можноста да споделам дел од моето знаење со Орландо, и знаење што го добив од многуте научници со кои имав среќа да разговарам и да работам, беше врв на мојот ден. На крајот, вистинските sвезди на морето се ајкулите. Но, имајќи го самиот Леголас во близина. Тоа е прилично кул!, истакна фотографот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот