ВИДЕО | Необична сцена во Германија: Навивачи прекинаа натпревар со мини-автомобили

Фото: Screenshot

Знаат германските навивачи да предизвикуваат прекини на фудбалските натпревари ширум земјата, а сега на средбата помеѓу Ханза Рошток и Хамбургер во втората Бундеслига видовме прекин каков што не се памети.

Се играше 10-тата минута кога на теренот се појавија два мини-автомобили на кои имаше закачено елементи кои предизвикаа димна завесе зад себе.

Редарите тргнаа да ги отстранат автомобилите кои се обидуваа колку што можат подолго да бидат на теренот. Натпреварот по остранувањето на автомобилите продолжи, а на крајот немаше победник (2:2).

Причината за ваквиот протест на фановите Ханза се најавите за влез на странски инвеститори во клубот нешто што не им се допаѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот