ВИДЕО: Нема влез во Грција без претходна најава – Мора да се пополни формулар со лични податоци и информации за престој
Од денеска Грција го отвора граничниот премин „Евзони“, со што се овозможува влез на македонските граѓани, но под одредени услови. Имено, во соседна Грција ќе можат да отпатуваат само оние кои ќе имаат обезбедено негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или ги имаат примено двете дози од вакцината против коронавирус.
Негативен ПЦР тест мора да се приложи и за деца над 5-годишна возраст.
Рампите останаа спуштени: Грчките гранични полицајци чекаат дозвола за да ги пуштат Македонците
Важна информација за нашите граѓани кои ќе одлучат да отпатуваат во Грција е дека задолжително треба да се најават на грчка веб страна 24 часа пред пристигнување на граница, и да имаат пополнето формулар со лични податоци, контакт на лице во случај на итна потреба, како и адреса на престој додека сте во државата.
Петар Малев од туристичката агенција „Ескејп“ вели дека изненадувачки голем е интересот за патување во Грција.
– Веднаш штом ја дозна информацијата дека од денеска Грција ја отвора границата за влез на македонски државјани, граѓаните почнаа да се информираат за условите и можноста за патување. Посебен интерес за патување покажуваат тие кои имаат неискористени ваучери од созоната 2020. Морам да нагласам дека никој не смее да заборави да се најави во системот на Грција 24 часа пред патувањето, инаку влезот во државата ќе биде оневозможено. Ние секогаш кога ги креираме аранжманите се водиме од моменталните протоколи кај нас и во земјите каде што ќе се патува, објаснува Малев.
Тој вели дека веќе имаат подготвено аранжмани за претстојниот продолжен викенд, односно за 24 мај, Денот на македонските просветители.
-Има интерес за патување во Црна Гора и Албанија. Исто така има интерес за патување и во Турција, но за таму е потребен ПСР тест. Во Будва за 24 мај може да се отпатува за 59 евра, аранжман со две ноќевања и вклучен превоз, информира Малев.
Ова е линк од веб страната за регистрација за влез во Грција.
Проследете го видеото: