ВИДЕО: Недвед крајно лут, не можеше до крај да го гледа мечот на Јувентус!

Фото: EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

Потпретседателот на Јувентус Павел Недвед беше многу лут на судењето за време на вчерашниот меч од Серија А против Фиорентина.

Јуве беше домаќин на „виолетовите“ и неочекувано беше поразен со убедливи 3:0, воедно најтрофејниот клуб на Апенините беше револтиран од низата судиски грешки кои според нивните тврдења биле причината за првиот пораз на „Старата дама“ оваа сезона во првенство.

Актуелниот шампион веднаш побара од првите луѓе на италијанскиот фудбал да биде анализирана судиската правда на овој меч.

Недвед со голема разочараност и лутина го напушти стадионот пред самиот крај на мечот.

Не можеше да ја разбере одлуката на судијата Ла Пена во 77 минута кога Бернардески беше во дуел со голманот Драговски, но не беше досуден пенал за домаќините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот