ВИДЕО: НБА легендата Шекил О`Нил заврши во болница!

Фото: EPA/ROY DABNER

Еден од најдоминантните играчи во историјата на НБА лигата, Шекил О`Нил повторно беше во светот на професионалните борачи.

После четири години повторно е во рингот, овојпат во договор со „AEW“, но овојпат сликата не беше баш најдобра на дебито во оваа компанија.

Во текот на борбата на парови незгодниот ривал Коди Роудс го исфрли Шек, двајцата паднаа врз голема маса и столови кои стоеја околу рингот.

Шек не стана веднаш, и коментаторите забележаа дека станува збор за нешто сериозно, а информациите велат дека екс ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс доживеа неколку повреди кои заврши во болница на прегледи.

Овој пат изгледа сценариото не излезе според планираното. Погледнете како сето тоа изгледаше на видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот