ВИДЕО | Навивачите на Челси бесни: Стерлинг беше себичен и се посрамоти

Фото: Screenshot

Во единствениот натпревар од Премиер лигата кој се играше денес Челси им приреди уште едно разочарување на навивачите со поразот од Вулвс.

Еден од најкритикуваните фудбалери во таборот на „сините“ по овој пораз е Рахим Стерлинг. При резултатот 0:0 некаде по половина час игра Стерлинг дојде во позиција да излезе сам пред голманот на Вулвс, а освен тоа имаше и двајца слободни соиграчи, односно се најдоа во ситуација „три на еден“.

Стерлинг се одлучи да биде себичен и сам да завршува, но голманот Хозе Са го одбрани неговиот удар и големата прилика за „сините“ пропадна. Вулвс победата ја обезбедија со головите на Лемина и Доерти во вториот дел, Нкунку во финишот погоди за утеха на „сините“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот